| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругата на убиецот кој го одмазди синот – да изразеше сочувство до ова немаше да дојде

пол

-Поради трагедијата во која загина мојот брат Драган, тој е осуден само на шест месеци затвор. Ни тие не ги одлежа. Плати таму каде требаше. Го продаде станот, за да не мине ниту еден ден во затвор- тврди Соња, ќерката на Стојановиќ.

Сопругот на Дивна Стојановиќ, Стојан Стојановиќ (69) е уапсен пред два дена во Пожаревец откако со пиштол го уби Драган Степиќ (57) кога го обвини за смртта на неговиот син Јовица. Таа тврди дека до трагичниот настан не би дошло доколку Драган им изразил сочуство на семејството.

Имено Јовица бил работник во фирмата на Степевиќ, кога пред 14 години настрада на градилиште во селото Забрежје. Јовица тој кобен 18 јуни 2002 година се симнал во јамата длабока пет метри, иако немал ниту шлем ниту пак имало какви било безбедносни услови.

На него се истурила земјата и камен плочата и Јовица, кој имал 33 години починал на лице место.

-Стојан не можел да прежали смртта на неговиот син. Се оддели од сите. Почна да пие. Да знаев дка Стојан ќе го убие Драган, ќе му кажев да се оддалечи од него- вели Дивна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top