| четврток, 6 декември 2018 |

Торцида и БББ подготвуваат катастрофа за мечот со Чешка: „Штом ќе почне хаос – свири крај“

hrvatska navivaci

Навивчите на Хајдук од Сплит, Торцида, се пријатели со навивачите од Сент-Етјен, градот во кој утре Хрватска ќе си ги одмери илите со Чешка. Домаќините веќе ги очекуваат, договорени се неколку натпревари во мал фудбал, дружење, па потоа со помош на навивачите на Динамо од Загреб, Бед блу бојс, треба да го прекинат натпреварот  Хрватска – Чешка, како дел од војната со Здравко Мамиќ и Хрватскиот фудбалски сојуз – ХНС.

Оваа приказна со денови кружи низ Сплит, а ХНС се обидува со сите сили да ја спречи катастрофата иако е немоќен против активистите.

Како ќе реагира УЕФА на прекинот на натпреварот и што би морало да се случи за да не се одигра до крај засега само може да се нагодува. Сепак, големи се шансите главниот судија и по најмал инцидент на натпреварот Хрватска – Чешка да одлучи да го прекине мечот и „коцкестите“ да бидат дисквалификуви. По немирите во Марсеј, Пјерлуиџи Колина лично му нареди на сонародникот, судијата никола Рицоли: „Почне ли хаос на стадионот, свири крај“. Истите препораки би можел да го добие и Марк Клатерберг, кој ќе суди утре на натпреварот во Сент-Етјен.

На самото место, во Франција, пак, кружи малку поинаква приказна.

Торцида се веќе во градот, имаат влезници, но БББ не се вклучени во планот за минирање на репрезентацијата. Како и да е, ХНС е под голем притисок пред почетокот на утрешниот натпревар, кој е исклучително важен за „коцкестите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top