| четврток, 6 декември 2018 |

Прво поголемо изненадување на ЕП, Северна Ирска славеше над Украина (видео)

severna irska 1

Репрезентацијата на Северна Ирска го направи најголемото изнанадување досега на Европското првенство со победата над Украина од 2-0. Ова беше прв триумф во историјата за Северна Ирска на европските шампионати и со тоа ги задржа шансите за пласман во следната рунда.

Првиот погодок беше дело на Герет Меколи во 49-тата минута на стадионот во Лион на на класичен ’островски’ начин, со игра со глава. Тој највисоко скокна во противничкиот шеснаесетник и со одличен удар го совлада Пјатов.

Ова воедно беше премиерен гол за Северна Ирска во историјата на европските шампионати, а воедно и прв гол на големите турнир по пауза од цели 30 години, бидејќи последен пат реализирааа на Светското првенство во 1986 година. Победата од 2-0 ја запечати Мекгин во судиското продолжение од натпреварот.

Украинците беа непрепознатливи на овој меч. Противникот одлично ги затвори нивните најдобри фудбалери, Јевхен Конопљанка и Андриј Јармоленко, и во една таква ситуација оваа селекција беше немоќна да стори било што пред противничкиот гол.

Мечот во Лион се одигра во лоши временски услови, а беше и привремено прекинат поради силен дожд и град.

Во вториот дуел од оваа група во терминот од 21 часот силите ќе ги одмерат Германија и Полска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top