| четврток, 6 декември 2018 |

Стариџ го разби велшкиот бункер, голема победа на „Гордиот Албион“ (видео)

england-wales-euro2016

Велшаните имаа бод во џебот до 92. минута, но Даниел Стариџ успеа да го совлада Хенеси и да му донесе на „Гордиот Албион“ огромни 3 бода, која им ги отвара вратите на Англичаните за осминафиналето. Англија го совлада Велс со 2-1.

Англичаните наметнаа свој стил на игра уште од самиот почеток на мечот, првата посериозна шанса ја имаа уште во седмата минута кога Стерлинг се посрамоти со обидот.

Тежиштето на играта беше на половината на Велшаните, „Гордиот Албион“ продолжи со притисокот, но и „Змаевите“ добро се бранеа. Прво Кејхил и Смолинг од прекини имаа обиди, а потоа и Руни и Кејн, но резултатот не се менуваше.

england-wales-3-euro2016

Англија беше оштетена во финишот на првото полувреме кога не беше досуден пенал, откако Бен Дејвис играше со рака во својот шестнаесетник пред голот на Хенеси, а судијата не се огласи.

И само неколку минути подоцна, непишаното правило во фудбалот, на спротивната страна Велс „од нигде никаде“ стигнува до водство.

Герет Бејл шутираше феноменално од слободен удар од триесетина метри, Џо Харт за момент изгледаше како да ќе ја одбрани, но сепак топката заврши во мрежата за водство на Велс од 1-0.

england-wales-6-euro2016

england-wales-7-euro2016

england-wales-8-euro2016

Со овој гол Бејл стана само третиот фудбалер во историјата, после Мишел Платини (во 1984) и Томас Хеслер (1992) кој постигнал два гола од слободен удар на едно Европско првенство.

Рој Хоџсон веднаш реагираше со замени и во второто полувреме ги внесе Варди и Стариџ на местото на Кејн и Стерлинг, што подоцна се покажа како клучен потег на мечот.

Англичаните продолжија со „опсадата“ пред голот на Велс, а нивниот бункер конечно беше разбиен од Џејми Варди, кој одлично ја искористи укажаната шанса од селекторот Хоџсон, и израмни на 1-1.

england-wales-4-euro2016

england-wales-5-euro2016

Интересна статистика, напаѓачот на Лестер го постигна четвртиот гол во репрезентативниот дрес о петтиот негов шут во рамките на голот.

Но, Англија не беше задоволна само со реми, продолжија со силните напади, неколку минути после израмнувачкиот гол топката уште еднаш заврши во раката на Дејвис во шестнаесетникот, но судијата повторно не се огласи. Во 73. минута Хоџсон во игра го внесе младиот Рашфорд на местото на Лалана и тргна во целосна офанзива.

Овој негов пристап даде резултат во дополнителниот период, Даниел Стариџ одлично се снајде во една гужва пред голот на Велс, биеше прецизно и стана херој за конечни 2-1 и огромни 3 бода за Англија.

england-wales-2-euro2016

Интересна битка ќе се води во последното коло во групата Б, сите репрезентации имаат шанси за пласман во следната фаза.

Табeла (група Б):
Англија 4 бода
Велс 3
Словачка 3
Русија 1

Двојките во трето коло:

Англија – Словачка
Русија – Велс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top