Обдукцијата утврдила дека на колената на Јелена Марјановиќ (33) забележале неколку изгребаници за кои претпоставуваат дека настанале додека била жива. Една од претпоставките на експертите е дека Јелена клечела додека убиецот ја ударал со тап предмет по главата, што е утврдено и на основа на положбата на раните!
-По се судејќи жртвата го молела убиецот да ја поштеди и да ја остави жива. Како што покажала обдукцијата, најверојатно петтиот удар бил смртоносен. Освен овие удари и едвај забележливите гребаници на нозете, таа нема други повреди, што укажува дека убиецот го познавала и дека се се случило брзо, па не успеала да се брани, а камоли да му избега.
Самиот чин на убиството траел десетина минути, што засега ја побива претходната теорија дека Јелена е убиена на насипот- вели извор близок на истрагата и објаснува:Убиецот не би удирал на сред бел ден на некоја ливада жена по глава толку време. Јелена веројатно е убиена во некоја просторија, бидејќи нејзината крв не е пронајдена на насипот, а од толку удари морало да има и многу крв.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија