Не престануваат инцидентите во Франција, кои ги предизвикуваат навивачите за време на Европското првенство во фудбал.
Ако до вчера Англичаните се жалеа на руските навивачки групи, особено по многубројните тепачки низ градовите-домаќини на натпреварите, а дел од руските навивачи беа протерани од Франција, британскиот весник Мирор сега тврди дека руски навивачи се облекувале во англиски дресови и предизвикувале инциденти.
Но, аматерска видеоснимка, објавена вчера на медиумите и на социјалните мрежи, го покажува и вистинското лице на англиските навивачи. Тие во градот Лил опкружиле неколку дечиња- бегалци од Блискиот Исток и буквално се изживуваат врз нив, гаѓајки ги со монети, но и со пластички шишиња, капачиња, чаши.
Секако сето тоа е проследено со исмевање, фотографирање и секакво нечовечно и нехумано однесување.
Инаку, руските и англиските навивачи повторно се пресметаа во текот на вчерашниот ден во Лил, судирите траеле до доцна во ноќта, а полициски извори објавија дека се уапсени вкупно 36 хулигани, кои ќе бидат депортирани во своите земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)