| четврток, 6 декември 2018 |

Бакрачески: „Аткинс“ ќе ги прифати критериумите за „Сахарјан Македонија“

saharjanОхридскиот градоначалник Никола Бакрачески е задоволен од спремнота на компанијата „Аткинс“ да се прифатат сите забелешки и критериуми што од нив ќе ги побараат македонските власти, при реализација на луксузниот хотелски комплекс „Сахарјан Македонија“ кај Свети Наум.

– По тој аспект можам само да упатам смирувачки тон до сите загрижени граѓани на Охрид и оние скептици кои сметаат дека што било ќе се гради спротивно стандардите. Во никој случај, ниту  државните институции тоа ќе го дозовлат, ниту јас како градоначалник ќе се согласам со изградба на нешто што по која било основа ќе отстапува од строгите законски и еколошки норми, посочи Бакрачески.

Бакрачеки досега не чул за противењето на МПЦ, ниту од него досега била побарана официјална средба за разговори по тоа прашање, откако беа објвени информации дека Црквата како сопствник на поголемиот дел од земјиштето во реонот се спротивставува на изградба на какви било објекти од тој вид.

– Она што можам да го кажам е дека пред две седмици во Министерството за транспорт и врски се одржа средба во широк состав, со присутни претставници на сите релевантни институции засегнати со изградбата на комплексот, од инвеститорот, преку проектантското студио „Аткинс“, до министерствата за транспорт и врски, за култура, за заштита на животната средина, на Хидробиолошкиот завод од Охрид и Националниот парк „Галичица“. Она што можам да го потврдам е дека кај инвеститорот и кај надлежните институции постои подготвеност да се реализира таа инвестиција, додаде градоначалникот на Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top