На четворица џихадисти, меѓу кои и најпознатиот македонски џихадист Мухамед Зекири, Судот во Анкара им определи казна од речиси 500 години затвор за убиство на три лица во март 2014-тата година, пренесува Анадолија.
Зекири, кој по потекло е од Охрид, заедно со двајца соборци, Косоварите Чендрим Рамадани и Бенјамин Ху, се осудени за терористичкиот напад што пред две години како припадници на Исламската држава го изведоа во Анадолија.
Тие се осудени за убиство со умисла и за тоа што се членови на вооружена терористичка организација.
Тие убија три лица: офицер, полицаец и камионџија. На 20 март 2014 година, на автопат кај градот Нигде, тројцата сега веќе осудени, отворија оган врз полициски пункт за време на рутинска контрола, а потоа грабнаа камион и го убија возачот во обид да и побегнат на полицијата. Во престрелката напаѓачите беа ранети и уапсени. Судот во Нигде на тројцата им одреди вкупна казна затвор од 422 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода
-
Приведени деветмина во Атина: Се сомневаат дека подготвувале терористички напад
-
САД: Терористите подготвуваат уште еден 11 септември