| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарија извади реми со Романија и е на чекор од осминафинале (видео)

romania-swiss-euro2016

Швајцарците се во одлична ситуација пред последното коло, многу е веројатно дека ќе стигнат до осминафиналето, дури и ако изгубат од Франција. Од друга страна, Романците мораат да победат против Албанија во последното коло.

Според некои статистички пресметки, големи се шансите репрезентацијата со 4 освоени бодови во групата да се пласира во осминафиналето како третопласирана, а токму толку има моментално репрезентацијата на Швајцарија.

Денес гледавме еден многу интересен и возбудлив натпревар меѓу Швајцарија и Романија. Романците брзо дојдоа во водство, веќе во 18. минута капитенот на Швајцарија Штефан Лихтштајнер направи прекршок во шестнаесетникот, а судијата покажа на белата точка.

Богдан Станку прецизно го изведе пеналот за водство од 1-0.

На спротивната страна Сеферович пропушти неколку одлични шанси во првото полувреме, а покрај него се обидоа и Шер и Џемаили, но безуспешно. Кај Романците Сапунару имаше обид за зголемување на предноста, но сепак биеше само покрај голот.

Во второто полувреме истата слика, доста активно беше пред двата гола. Во 57. минута Родригез изведе корнер, а по скоккот на Џуру топката се одби и стигна до Мехмеди, кој одлично „му легна“ на левата нога и биеше прецизно во спротивниот агол од голот на Татарушан за израмнување на резултатот.

romania-swiss-2-euro2016

Продолжија Швајцарците со нападите, имаа неколку одлични акции, додека играта на Романците спласна на самиот крај, но промена на резултатот немаше, мечот заврши нерешено, 1-1.

 

Во последниот термин денес, од 21:00 часот ќе се одигра вториот дуел од групата А, помеѓу домаќинот Франција и Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top