| четврток, 6 декември 2018 |

Задоцнет финиш на „зборнаја“, Хамшик јунак во победата за Словачка (видео)

slovacka

Репрезентацијата на Словачка многу бргу се рехабилитара од поразот од Велс во првото коло на Европското првенство во Франција, и денеска во терминот од 15 часот славеше победа над Русија од 2-1.

По половина час игра, Владимир Вајс ја искористи одличната асистенција на Хамшик, надмудри двајца одбранбени фудбалери на Русија и пласираше во спротивниот агол од голот на Акинфеев. Во 32.минута, Словачка поведе со 1-0.

Пред самиот истек на првиот дел, Марек Хамшик направи магија, од левата страна упати силен и прецизен удар во спротивниот агол и со помош на левата статива од голот на рускиот голман топката повторно ја затресе мрежата.

Русија долго не можеше да пробие бедемот на Словаците, но по една грешка на противничката одбрана Денис Глушаков го намали резултатот на 1-2.

До крајот на мечот Русите со сите сили се обидоа да дојдат повторно до израмнување како во првиот меч против Англија, но во тоа не успеаја и по две кола имаат само еден освоен бод.

Вториот натпревар од ова коло во групата Б, Англија и Велс ќе го одиграат утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top