Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел на кој присуствуваше и украинскиот министер за одбрана Степан Полторак ја повика Русија да ги повлече своите сили и воена опрема од Украина и да престане да ги поддржува сепаратистите на истокот на земјата.
Руските власти постојано негираат дека испратиле трупи или воена опрема во Украина и покрај доказите за спротивното. Столтенберг нагласи дека Алијанската ќе продолжи да биде на страната на украинската влада и оти никогаш нема да ја признае илегалната анексија на Крим од 2014 година.
Тој додаде дека како одговор на руските акции во Украина, НАТО ја засили поддршката за земјата, потенцирајќи дека Русија продолжува да ги поддржува сепаратистите во источна Украина со достава на опрема и советници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО