
Министерот за здравство и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, при вчерашното гостување на телевизија „Сител 3“ зборуваше за ситуацијата во здравството и нагорниот тренд откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт.
– Во здравството овој период, и кога јас сум Министер и пред тоа откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста за Владата и за државата, има сериозно поместување, и тоа со огромни чекори поместување, а од другата страна имате политичари или партија којашто тој сектор го има целосно запоставено, комплет запоставено, во кој тотално ништо не инвестирале или многу малку инвестирале, занемарливо малку. Во којшто имало огромни проблеми, немало опрема, застарена опрема, застарени возила, постојан одлив на кадар, мал број на специјализации, реформи кои биле на штета на системот, значи антиреформи, богатење на неколку веледрогерии . Систем во којшто постојано имало недостиг на лекови, постојано имало недостиг на медицински потрошен материјал, опрема речиси никаква, и сега имаш од другата страна фокус на здравството: нова опрема, нови амбулантни возила, нови методи, едукација на лекари и сериозни инвестиции во здравствена инфраструктура, сериозни реформи на системот и сега неднаш имаш сериозно позитивно поместување на здравството и тие луѓе немаат што да кажат на ова и пробуваат да ловат повторно во матно, да ловат на нечија мака, да ловат на нечиј несреќен случај, нешто што јас никогаш не би го направил – посочи Тодоров правејќи споредба на состојбите во здравството кога СДСМ е на власт и кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата


