Ова е втор македонски роман кој ќе биде објавен во оваа престижна издавачка куќа и еден од само неколкуте во историјата на Македонија кој ќе биде присутен на пазарот во САД.
Издавачката куќа „Далки аркајв прес“, една од најреномираните издавачки куќи во САД кои објавуваат литературни преводи и имаат професионална дистрибуција на пазарот во САД, ќе го објави романот „Неверство“ на писателот Дејан Трајкоски, на англиски јазик.
Ова е втор македонски роман кој ќе биде објавен во оваа престижна издавачка куќа и еден од само неколкуте во историјата на Македонија што ќе биде присутен на пазарот во САД.
„Далки аркајв прес“ е познат и по годишната антологија на нова европска проза со која промовира триесетина автори од Европа пред читателите во САД.
-Со легендарниот основач на „Далки архив прес“, Џон О’Брајан комуникацијата започна минатата година на литературниот фестивал „Виленица“ во Словенија. Во април оваа година тој доби многу позитивна препорака од експерт кој го евалуирал романот по нивно барање, по што куќата решава да го преведе и објави романот во САД. Во меѓувреме Џон О’Брајан ја прифати поканата и гостуваше на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје, каде беше финализиран, а потоа и потпишан и договорот за откуп на авторските права за превод и објавување на англиски јазик. Се надевам дека присуството на О’Брајан во Скопје ќе придонесе за превод и на други автори од Македонија во легендарната издавачка куќа, каде, од овие простори, се објавени дела од Данило Киш, Давид Албахари, Светислав Басара, Георги Господинов – вели Трајкоски.
Романот „Неверство“ во 2015 година беше финалист за годишната награда за прозна книга на Друштвото на писателите на Македонија „Стале Попов“, беше во потесен круг за наградата на „Утрински весник“, а ја доби наградата „Македонска книжевна авангарда“.
Дејан Трајкоски е идеен автор и директор на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“. Автор е и на романот „Вистина. Љубов. Рашомонијада“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман
-
„Антолог“ ја објави книгата „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ