| четврток, 6 декември 2018 |

Ибраими: Дојдов во Астана за да бидам шампион и да играм во ЛШ

agim ibraimi

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими и официјално е член на казахстанскиот клуб Астана. Тој е промовиран со дресот со број девет и во следните две и пол години ќе настапува за најдобриот клуб од Казахстан.

– Дојдов во Астана за да бидам шампион и да играме заедно во Лигата на шампионите. Овој трансфер за мене е нова можност за докажување и искрено се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата. Мислам дека лесно ќе се вклопам во тимот, а од порано се познавам со Максимовиќ и со Бесарт Абдурахими, со кого игравме заедно во националниот тим на Македонија – изјави Агим Ибраими при презентацијата.

Ибраими, според неофицијални извори, годишно ќе заработува 750.000 евра во Астана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top