Сопругата на напаѓачот од Орландо, Омар Садик Матин кој уби 49 лица во геј клубот во овој град во Флорида, се соочува со обвинение, поврзано со нападот.
Нур Салман се сомичи дека знаела за подготвувањето на нападот, но не ја известила полоцијата.
Обвинителството во Флорида побарало да се истражи дали има основа за да се покрене обвинение против Салман, откако таа во едно интервју призна дека се обидувала да зборува со сопругот Матин, непосредно пред да биде извршен нападот во ноќниот клуб „Пулс„.
Нападот во овој геј клуб е најголемиот поединечен вооружн напад на осамен напаѓач, во амерканската историја. Покрај 49 убиени, во нападот има и 53 повредени, од кои шестмина се уште се во критична состојба.
Обвинителството верува дека Омар Матин ја побарал својата сопруга Нур Салман по телефон, од пред зградата на ноќниот клуб, кога веќе го заппочнал нападот.
Таа веќе е сослушувана од полицијата, но против неа нема подигнато никакво обвинување.
Некои американски медиуми тврдат дека Салман е многу подлабоко вклучена во нападот на нејзниот сопруг и дека била со него кога тој купувал муниција за оружјето со кое беше изведен нападот.
Весниците пишуваат дека сопругата во една прилика го префрлила со автомобил Матин до зградата на геј клубот, кога тој одел да испитува кој е најдобриот начин за да се изврши нападот.
Нур Салман е втората сопруга на Садик Омар Матин. Тој е роден во Њујорк од родители Авганистанци. ФБИ соопшти дека нема докази оти Матин бил поврзан со било која милитантна исламистичка група, каква што е Исламска држава (ИД).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Русија предупредува: Можни терористички напади во САД и Европа за време на празниците
-
САД предупредува: За Божик и Нова година терористички напади во Европа
-
Бројот на мртви не престанува да расте: Најмалку 50 убиени и 200 ранети во Лас Вегас (Фото – Видео)
-
Полицијата за пукањето во Орландо: Имаме повеќе жртви