Две лица загинаа синоќа во тешка сообраќајка што се случи во доцните ноќни часови на булеварот „Партизански одреди“ кај „Симпо“.
Од СВР Скопје за „Република“ информираат дека до незгодата дошло во 3.30 часот, кога такси-возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од 35-годишниот скопјанец В.А., излеталот од коловозот. Возилото прво удрило во жардиниера, а потоа и во дрво.
Од силниот удар на лице место загинал возачот, како и 36-годишната К.С. од Скопје, за која сè уште не е познато дали била само патничка и корисник на такси-услугите или била сопатничка, поточно познаничка на В.А.
На местото на настанот екипа на СВР Скопје извршила увид, а по наредба на јавен обвинител телата се предадени на судска медицина за обдукција.
Истрагата ќе покаже како дошло до несреќата.
Видео: ТВ Нова
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)