Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје организира Книжевни разговори со Славе Ѓорѓо Димоски, добитник на наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ за 2015 година за книгата „Јазичен триптихон“.
Настанот ќе се одржи на 16 јуни (четврток) 2016 година, со почеток во 12.00 часот, во спомен – собата на Миладиновци во Библиотеката.
На средбата ќе се разговара за поезијата на Димоски и за актуелните состојби во македонската книжевост. За делото на Димоски ќе зборува проф. д-р Димитар Пандев, а стихови од неговата поезија ќе кажува актерот Томе Витанов. Разговорите ќе ги води Братислав Ташковски.
Славе Ѓорѓо Димоски – поет, писател,есеист, преведувач и писател за деца. Автор е на триесет ишест книги (првообјавени книги, избори, преводи, препеви и антологиски избори) Добитник е на најважните награди за поезија кои се доделуваат во Република Македонија. Преведен е на дваеаетина светски јазици и е застапен во сите антологии на македонската поезија објавени во Македонија и низ светот по 1982 година.
Основач е и долгогодишен раководител на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово, а сега е претседател на Управниот одбор на Националната установа Струшки вечери на поезијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.