
Руската тенисерка Марија Шарапова, која доби двегодишна суспензија од ИТФ поради позитивен допинг – тест, упати жалба до Арбитражниот суд за спорт во Лозана. Таа е казнета поради употреба на „Мелдониум“, супстанца која е забранета од 1 јануари 2016 година, а таа го користи како лек веќе цели десет години. Меѓутоа, и покрај тоа, не најавила дека има дозвола од доктор за негова употреба, па ИТФ беше немилосрдна по ова прашање, квалификувајќи го тоа како користење допинг.
Сепак, Шарапова упати жалба до Арбитражниот суд за спорт во Лозана со напомена дека сака да добие одговор до јули, а во пресрет на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро. Русинката е убедена дека не е виновна и дека овој суд ќе ја укине одлуката на ИТФ, со што таа би добила можност и да настапи на Олимписките Игри во Рио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


