| четврток, 6 декември 2018 |

Португалецот Нани влезе во историјата, го постигна 600. гол на европските првенства

nani 1

Голот што Нани го постигна во првото полувреме од мечот со Исланд му обезбеди на Португалецот и место во историјата на европските првенства со оглед на фактот дека стануваше збор за јубилеен 600. погодок на собирите на најдобрите фудбалски селекции на „стариот континент“.

Претходно, стотиот гол на европските првенства беше дело на Алан Жирес за време на ЕП 1984, додека голот број 200 на европските шампионати беше дело на Данецот Вилфорт.

Словенецот Златко Заховиќ беше стрелец на 300. погодок на европските првенства, голот број 400 беше постигнат од страна на Тјери Анри, додека јубилејниот 500. гол во историјата на ЕП беше дело на уште еден велемајстор, Шпанецот Чави за време на ЕВРО 2008.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top