
Унгарија ја доби „битката“ со Австрија на дуелот од првото коло во Групата Ф, славејќи со 2-0 на стартот од Европското првенство во Франција.
Во натпревар, кој главно го одбележа израмнета битка, Унгарците до триумфот стигнаа благодарение на ефикасноста во второто полувреме. Поведоа најпрво со погодокот на Адам Салаи во 62. минута од средбата.
Патот до триумфот за Унгарија беше олеснет во 66. минута кога Александар Драговиќ доби втор жолт картон и исклучување, со што Австријците останаа со играч помалку до крајот. Но, тоа не значеше дека предвреме ќе се откажат од обидот за израмнување. Во 72. минута одлична шанса имаше Марсел Сабицер, но не успеа да ја искористи, па потоа следеше казната на спротивната страна.
Во 88. минута од натпреварот Золта Штибер, реализирајќи брз контранапад, стрелаше за конечни 2-0.
Ова е голем исчекор за Унгарија во обидот да се пласира во следната рунда, бидејќи го доби дуелот со директниот противник за второто место.
Последниот натпревар од првото коло на Европското првенство се игра помеѓу репрезентациите на Португалија и Исланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


