| четврток, 6 декември 2018 |

Роналд Куман и официјално е нов менаџер на Евертон

ronald kuman

Холандскиот тренер Роналд Куман и официјално го наследува Роберто Мартинез на менаџерската позиција во Евертон.

Холандскиот стратег потпишал тригодишен договоро и ќе се обиде да ги врати „карамелите“ во првата половина на табелата во Премиерлигата и да се бори за излез во Европа.

– Верувам во клубот, во тимот, во навивачите и во нашата способност да постигнеме големи работи во иднина. Евертон е клуб со голема традиција и вистинска амбиција и јас сум навистина горд да бидам дел од тоа што сакаме да го направиме тука заедно со сите во клубот – рече Куман по својата промоција.

Куман минатата сезона го водеше Саутемптон, а претходно беше тренер на Феенорд, Ајакс, ПСВ, АЗ Алкмар, Витесе, Валенсија и Бенфика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top