-Германија нема да ја признае полигамијата и браковите со малолетници- изјави денес германскиот министер за правда Хајко Мас во време кога расте загриженоста по рекордното доаѓање на мигранти, од кои многумина се од муслиманските земји.
– Никој нема право да ги стави своите културни вредности и верски уверувања над нашиот закон- рече Мас во интервју за дневник „Билд“ и додаде дека полигамните бракови нема да бидат признати во Германија. Според исламските закони мажите имаат право на четири сопруги истовремено. Во Германија полигамијата е забранета, иако законот предвидува исклучоци во некои случаи кога мигрантите кои се венчани во странство. Такви исклучоци се однесуваат на наследство по смртта на мажот, кој со венчавањето во странство имал повеќе сопруги, по што имотот се дели на еднакви делови меѓу вдовиците. Министерот, исто така, укажа дека браковите на малолетните лица не се дозволени, поради страв дека се принудени да се омажат. Не можеме да толерираме присилни бракови пред се ако во брак стапуваат малолетни девојчиња – рече Мас.
Според податоците на УНИЦЕФ венчавањето каде барем еден од сопружниците е малолетен го чинат 40 отсто од сите бракови во Авганистан, од каде во Германија доаѓа една од најголемите групи мигранти. Германија минатата година прифати 1,1 милион азиланти, но се соочува со голем предизвик на интеграција на мигранти во германското општество.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.