| четврток, 6 декември 2018 |

Стравотна сообраќајка кај Обреновац: Тинејџер загина на својот роденден (ВИДЕО)

nesreca-grand-ciroki-stanislav-petkovic-1465860757-928439-60852

Петнаесетгодишниот Д.Т. го загуби животот во стравотна сообраќајна несреќа која се случи вчера околу 2.45 часот по полноќ во центарот на Обреновац кога џип „гранд чироки“ се забил во ѕид.

Во истото возило биле и Станислав Петковиќ (23) и Н.М. (15) и А.Р. (16), кои се тешко повредени.

Трагедијата да биде поголема, несреќниот тинејџер загинал на својот роденден.

nesreca-grand-ciroki-stanislav-petkovic-1465860739-928437

Полицијата соопшти дека несреќата се случила при свртување, кога автомобилот удрил во ѕид од некогашниот ресторан „Рибица“. Детето кое загинало на место, седело на задното седиште.

Истрагата за случајот е во тек, а видеото од стравотната несреќа е објавено на Фејсбук.

Станува збор за снимка од безбедносните камери и го покажува директниот удар на џипот во ѕидот.

Неофицијално, полнолетното момче возилото го зело од својот татко. Постои сомнение дека родителот не знаел за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top