Франција си игра со оган во Мали, се заканил братот на лидерот на Ал Каеда во интервју за париски Л Поен.
Француската армија почна постепено да се повлекува од Мали откако во јануари почна офанзива против исламските екстремисти кои го зазедоа северниот дел на земјата.
– Франција си игра со оган. Со нападот на Мали Франција го запали фитилот и ќе сноси последици, рекол Мохамед ал Завахири, брат на Ајман ал Завахири.
Тој рекол дека реакцијата на џихадистите ќе биде силна, без разлика дали тоа ќе се случи во Мали или на француска територија.
– Франција ги убива нашите деца, ние мораме да одговориме. Немаме ни бомби ни авиони, но нашите средства ни овозможуваат да земаме заложници за да се одбраниме, рекол Завахири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.