Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјави дека Иран постојано се приближува кон моментот кога ќе биде во можност да направи нуклеарна бомба. Нетанјаху наведува дека Техеран се уште не е дојден до „црвената линија“ на која тој предупредуваше во говорот од говорницата на Обединетите Нации минатата година.
– Не ја преминаа црвената линија која ја претставив во ОН, но систематски и се приближуваат. Не смееме да му дозволиме на Иран да ја премине, рекол Нетанјаху.
Во говорот во ОН во септември минатата година тој предупреди дека меѓународната заедница има време до средината на 2013 година да го спречи Иран да направи бомба.
Според неговите информации, Иран веќе произвел 170 килограми збогатен ураниум, а за изработка на бомба е потребно 250 килограми. Неговите проценки биле направени врз основа на информациите од Агенцијата за атомска енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


