Љубовта не познава граници, а доказ за тоа е синоќешното романтично запросување на скопскиот плоштад. Според Курир, Тане дошол во Скопје директно од Мајами за да ја запроси својата сакана Даниела. Сценарио како од најромантичен филм, организација на ниво, изненадување кое никого не остави рамнодушен. Другарките на Даниела ја „излажаале“ дека ја носат на модна ревија, а другарите му помогнале на Тане да го организира запросувањето.
На големиот видео бим на плоштадот „Македонија“, прво бил пуштен видео записот од омилената песна на Даниела. Веднаш потоа се појави ликот на Тане со позадина од прекрасното Мајами. Со убава порака тој изразил љубов за својата сакана, но изненадувањето не завршило тука.
Момчето се појавило на пајтон на скопскиот плоштад, каде ја побарал за сопруга својата сакана. Примајќи го преубавиот прстен, одговорила со ДА и силно го прегрнала својот иден сопруг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


