| четврток, 6 декември 2018 |

Владо Георгиев на „венчавката“ рече НЕ! (ВИДЕО)

 

Познатиот кантавтор Владо Георгиев и неговата партнерка Милица Самарџија, направија вистински метеж на прославата на неговиот роденден, кога организираа лажна венчавка.

vlado

Имено Владо ги повикал пријателите и роднините во еден ресторан во Кошутњак, а гостите ги дочека славеникот со девојката и матичар. Меѓутоа кога матичарката ги прашала Владо и Милица дали се подготвени да се венчаат, двајцата рекле Не. Потоа продолжила забавата организирана во чест на роденденот на Владо.

 Милица која е во седмиот месец од бременоста блескаше во елегантен бел фустан, додека „младоженецот“ се решил за едноставно одело.
Иако популарниот Барба со години уживаше во статусот на најпосакуван ерген, се чини дека ни убавата Милица не успеа да му го украде срцето.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top