Седик рекол дека дивеењето го растажило и дека не знае зошто неговиот син го извршил нападот во кој се убиени 50 луѓе и изразил неверица што неговиот син ја презел врз себе одмаздата за геј-заедницата. Исто така, рекол дека во секој случај бог ќе ги казни сите хомосексуалци.
Овој случај го доведе под лупа семејството на убиецот Омар. Така, откриено е дека неговиот татко неодамна го посетил американскиот Конгрес и во Вашингтон се сретнал со политичките лидери.
Исто така, откриено е дека Седик редовно му пишувал отворени писма на претседателот на САД, Барак Обама, и дека води емисија наречена „Дуранд Јирг Шоу“, која ја објавува на „Јутјуб“.
Во таа емисија зборува за низа политички теми, а под негово име се објавени неколку десетици снимки. На една дури објавува кандидатура за претседател на Авганистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.