| четврток, 6 декември 2018 |

Семејства на жртвите во нападот во Орландо тужат социјални мрежи за помош на ИД

Семејствата на жртви од масакрот во ноќниот клуб „Пулс“ во Орландо ги тужат на суд социјалните мрежи Твитер, Фејсбук и Гугл за обезбедување „материјална поддршка“ за ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, која ја презема одговорноста за нападот во геј клубот во кој ноќта на 12 јуни беа убиени 49 луѓе, а уште 53 беа ранети.

Како што пренесува американската телевизиска мрежа Фокс њуз, во соопштението на претставниците на семејствата кои тужат се истакнува дека без помошта на споменатите интернет ресурси Исламската држава не би можела да стане една од најопасните терористички организации во светот.

Според соопштението, социјалните мрежи, кои се основани за претпоставени корисници, објавуваат и записи на членови на Исламската држава заедно со рекламни објави.

Телевизијата преснесува и дека претставниците на Твитер, Фејсбук и Гугл досега сé уште не ја коментирале тужбата.

Напаѓачот во ноќниот клуб во сојузната држава Флорида беше идентификуван како доселеник од Авганистан, Омар Матин, кој беше убиен во престрелка со полицијата. Ова злосторството извршено во името на џихадистичката организација е според бројот на жртвите едно од најголемите од овој тип во историјата на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top