| четврток, 6 декември 2018 |

Колеж во име на Исламската држава: Силните мерки на безбедност не го заштитија Париз

Во екот на Европското првенство во фудбал што се одржува во Франција и исклучително силните мерки на безбедност од Париз пристигнува вест за фатална заложничка криза.

larosi-abala-terorsti-francija-01

Осомничениот убиец на полициската двојка во париската населба Мањанвил идентификуван е како25-годишен Лароси Абала, се дознава од извори блиски на истрагата.

Во 2013година Абдала бил осуден поради поврзаност со џихадистичката организација која оперира меѓу Франција и Пакистан.

Осуден е на три години затвор, од кои 6 месеци условно, за „заговор и здружување со цел терористички напад“, наведуваат истите извори.

Мажот е роден во Мант-ла-Жоли, на околу 60 километри од Париз.

Во моентов се врши претрес на неговата куќа.

Абдала се сомничи дека синоќа со нож убил полициски началник пред неговата куќа во населбата Мањанвил предградие на Париз, а тој е убиен во полициска акција.

По акцијата во семејната куќата на полицаецот пронајдено е мртвото тело на сопругата на полицаецот, исто така полициски службеник, и нивното 3-годишно дете, кое било лесно рането.

aa100607220_French_special_forces_RAID_vehicle_leaves_after_an_assault_on_June_14_2016_in_Magnanvi-xlarge_trans++qVzuuqpFlyLIwiB6NTmJwfSVWeZ_vEN7c6bHu2jJnT8

Две лица беа приведени денеска во рамките на истрагата по убиството на полицаецот и неговата сопруга. Полициски извор соопштива дека двете лица биле во врска со Лароси Абала.

Француските власти потврдија – нападот е терористички чин

larosi-abala-terorsti-francija-02

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави денеска дека нападот во кој маж во име на Исламска држава уби француски полицаец и негова сопруга, е „неоспорно терористички акт“.

– Оваа двојка е кукавички убиена од страна на терорист. Франција се соочува со голема терористичката закана против  која ние имаме мобилизирано значајнии ресурси, рече Оланд.

Претходно во Елисејската палата се одржа итен состанок, по кој министерот за внатрешни работи Бернар Казенев исто така изјави дека станува збор  “терористички чин”.

На состанокот со претседателот покрај министерот за внатрешни работи беа и премиерот Мануел Валс и министерот за правда Жан-Жак Урвоа.

Покрај осудата на терористичкиот акт за кој одговорноста ја презеде Исламската држава, Казенев нагласи дека “повеќе од сто луѓе кои претставуваат закана за безбедноста на Французите се уапсени од почетокот на годинава”.

Што се случи синоќа во Париз?

Во предградието Мањавил, во близина на Версај напаѓач околу 20.30 часот со нож пред семенна куќа девет пати избол и усмртил 42-годишен полицаец, наводно свој сосед, по што се забарикадирал во куќата на полицаецот и сопругата, исто така полицајка, и нивното дете ги зел како заложници.

Потоа ја убил и жената, што околу полноќ испровоцирало молскавилна акција на полициските специјалци, кои биле повикани на местото на настанот. Полицијата упаднала во куќата и уследила размена на оган, при што се слушнале и неколку експлозии. На крајот, специјалците ги нашле мртвото тело на жената и ранетото тригодишно момче, кое сега е на сигурно.

Напаѓачот, исто така, е мртов, но засега не е јасно дали го изгубил животот во интервенцијата или извршил самоубиство. Франуската агенција АФП пренесува дека во текот на неуспешните преговоро напаѓачот рекол дека е борец на ИД, а новинската агенција на Исламската држава, Амак, потврди дека за крвопролевањето е одговорен нејзин борец.

„Извор на агенцијата Амак: Борец на Исламската држава ги уби заменик-началникот на полициска станица во градот Ле Муро и неговата жена“, стои на интернетската страница на Амак.

Сведоци тврдат дека додека му го забивал ножот на полицаецот во стомакот, напаѓачот, момче на околу 20 години, викал „Алах акбар“.

r960-0aee54c97ba14f37d47b503a890d95ff

Во текот на заложничката драма во улицата во која се се случувало, било исклучено јавното осветлување, а целото соседство било евакуирано.

Канцеларијата на претседателот Франсоа Оланд најави дека денеска ќе одржи кризен состанок.

Според досега познатите информации, убиениот полицаец бил еден од шефовите на локалната полиција, а портпаролот на француското Министерство за внатрешни работи Пјер Енри Брандет потврди дека истрагата ќе ја води одделението за антитероризам.

Ако се потврди дека овој напад го извела ИД, тоа ќе биде прв напад на милитантите на француска почва откако француската влада воведе вонредна состојба по нападот во париз во ноември минатата година, во кој беа убиени 130 лица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top