| четврток, 6 декември 2018 |

Прва жртва на ЕУРО2016

navivac zrtva24 годишен навивач на Северна Ирска е првата жртва на Европското фудбалско првенство во Франција. Тојсиноќа пристигнал во Ница на натпреварот на неговата репрезентација против Полска, но под влијание на алкохол, паднало од височина од седум/осум метри, од скеле за бродови. Се превртел преку оградата, а при падот, со главата удрил во карпите на плажата, соопштила полицијата.

Полицијата ги демантира медиумски шпекулации дека смртта на навивачот е поврзана со безредијата пред натпреварот меѓу Северна Ирска и Полска. Пред натпреварот се случија масовни тепачки меѓу полските, локалните и северноирските навивачи, во кои имаше седуммина повредени. Според локалните медиуми, околу триесетина локални навивачи нападнале гости од Северна Ирска, гаѓајќи ги со шишиња, на што вторите одговориле со иста мерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top