| четврток, 6 декември 2018 |

Голи во седло за права на велосипедистите (видео)

Ако не нè гледате облечени, ќе не видите соблечени, под ова мото стотици разголени велосипедисти се собраа во саботата во Мексико Сити и протестираа предупредувајќи на нивната загрозеност во сообраќајот и исклучително загадената состојба на главниот град на Мексико.


Мексиканците вртеа педали цели 23 километри низ градот, со насликани и исцртани лица и тела, со цел да ја подигнат свеста на луѓето за користење на велосипедот како превозно средство и намалувањето на употреба на загадувачките фосилни горива.


Операцијата World Naked Bike Ride која се спроведува во стотици градови ширум светот на различни датуми. На 11 јуни голи велосипедисти го „заземаа“ и Лондон, Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top