Мичу Мезарош (76), актер кој сите го знаеме како симпатичниот Алф од истоимената серија, почина откако падна во кома.
Мезарош минатата недела е пронајден без свест во бањата од страна на неговиот менаџер. Итно е префрлен во болница во Лос Анџелес каде набрзо паднал во кома.
Мичу пред 8 години имал мозочен удар и од тогаш имал проблеми со здравјето. Од лекарите барал да не му ги исклучуваат апаратите, и да го одржуваат во живот дури и да не му се подобри здравстената состојба, пишува Дејли Мејл.
Актерот е по потекло од Унгарија, а кариерата ја започна во циркус каде го нарекувале најмалиот човек во светот. Најпозната му е улогата на Алф која ја играше во костим. Последен пат на филм се појави во 1993 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)