| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешната на убиецот од Орландо: Ме тепаше, ме држеше затворена, родителите ме украдоа од него

Mентално болен, насилен човек, вака убиецот Омар го опишува 29-годишната Ситора Јусифиу, поранешна сопруга на Матин.

Sitora-Jusufi
Поранешната сопруга на убиецот кој во нападот на геј клубот во Орландо уби 50 и рани 53 лица, пред самиот да загине во размена на оган со полицијатаизјавила дека тој бил емотивно и ментално нестабилен и имал насилен карактер.

-Ме тепаше. Доаѓаше дома и почнуваше да ме тепа бидејќи не сум ја испрала долната облека или нешто слично”, изјавила таа за Вашингтон пост.

 

Омар го запознала на интернет пред осум години. Набрзо почнале да се забавуваат, а се венчале во март 2009. година и се преселиле во Форт Пирс на Флорида. Најпрво бракот бил нормален, но сопругот набрзо почнал физички и психички да ја злоставува.

-На почетокот се однесуваше нормално, се грижеше за семејството, сакаше да се шегува. Неколку месеци подоцна, сфатив дека е нестабилен. Видов дека е биполарна личност, од чиста мира ќе се налутеше, а јас почнав да се плашам за својот живот, вели Ситора.

Бракот се претворил во пекол и Ситора по четири месеци морала да го спасува својот живот. Всушност, родителите сфатиле дека нивниот зет е лош кон нивната ќерка, па во 2011. година буквално ја одвеле од домот.

Буквално ме украдоа од неговите раце”, се сеќава Ситора и додава дека Омар имал краток фитиљ – но и сребрен пиштол и историја на злоупотреба на стероиди. Брзо забележала дека “емотивно нестабилен, болен”. Бил ментално нестабилен и ментално болен и очигледно длабоко пораметен и истрауматизиран.

Ситора вели дека Омар бил верник, но не и екстремист. Сакал да биде полицаец, се дружел со полицајци, и дури работел и во центарот за малолетни деликвенти за да стекне искуство. Се развеле во 2011 година.

sitora-sopruga-terorist-02

-Прекинав секаков контакт со него, блокирав сè, а моето семејство го предупреди дека ќе го пријави доколку се обиде да стапи во контакт со мене. И веќе 7-8 години немаме никаков контакт”, навела Ситора и додала дека родителите вчера ја разбудиле и ѝ соопштиле дека Омар станал најголем масовен убиец во историјата на Америка.

-Прво што ми кажаа е дека твојот поранешен сопруг е вмешан во масовно убиство. Бев очајна, во шок и ми беше страшно тешко поради луѓето кои останале без своите најмили, додала таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top