Револтирани од слабите игри на Рапид и уште еден пораз во шампионатот на Австрија, во дуелот со Салцбург (1-3), навивачите на тимот од Виена смислија оригинален начин за протест. На влезната врата на канцеларијата што му припаѓа на тренерот Вернер Кун, направија ѕид од цигли висок два метри.
Пораката е јасна и Кун треба да си оди. Таква е желбата на навивачите, а дали ќе ја почитува раководството на клубот, ќе се знае наскоро. Рапид е третопласиран во Австрија со 47 бода, дури 23 помалку од вечниот ривал Австрија Виена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)