Премиерниот натпревар за репрезентациите на Шведска и Република Ирска заврши со најнепосакуваниот резултат за двете репрезентации, 1-1. Тоа им оди во прилог на останатите две селекции, Белгија и Италија кои допрва ќе го одиграат нивниот меч во рамките од групата Е на Европското првенство во Франција.
Двете репрезентации не прикажаа фудбал кој може да ги задоволи вкусовите на вљубениците на фудбалот иако беа видени два гола. Се играше меѓу двата шеснаесетика, а двете шанси кои ги имаше Ирска преку О’Шеј кој не искористи чист зицер и во 25. минута кога Хендрик ја погоди стативата, не ја затресоа мрежата од голот на Швеѓаните.
Веднаш штом почна второто полувреме, Ирска дојде до сосема заслужено водство. Колмен го предрибла Форсберг по десната страна и центрираше, а Вес Хулахан на време се извлече и со дроп откосо ја погоди мрежата на шведската репрезентација. Тоа беше знак за “трите круни” конечно да се отворат и да заиграат нешто. Само една минута подоцна Швеѓаните можеа да израмнат и тоа преку противничкиот Кларк кој беше во ситуација да си постигне автогол, но голманот Рендолф брзо реагираше. Во 61. минута Ибрахимовиќ дочека еден центаршут од левата страна, но неговиот удар заврши покрај голот.
Конечно, израмнувањето дојде во 71 минута. Ибрахимовиќ ја почна акцијата, по неколку додавања центрираше од левата страна, а она што не успеа претходно, Кларк го направи сега – со глава ја заби топката во својата мрежа. Тоа беше прв автогол на Европските првенства по оној на Глен Џонсон во 2012 година, исто така на натпревар против Шведска.
До крајот на мечот Шведска се закани уште неколку пати, но не успеа да го најде патот до мрежата на ирската репрезентација. На крајот, ниедна селекција не беше задоволна иако двете прикажаа одлична игра попладнево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)