| четврток, 6 декември 2018 |

Траги од крв пронајдени во автомобилот на Марјановиќ – дали ќе има пресврт во истрагата за убиството на Јелена?

jele

После 73 дена од мистериозното убиство на пејачката на Гранд, Јелена Марјановиќ, полицијата откри нова трага во истрагата. Имено од примероците кои се земени од автомобилот на семејството Марјановиќ, форензичарите успеале да изолираат траги од човечка крв, пишува Информер. Во полицијата објаснуваат дека трагите крв се изолирни после толку време, бидејќи автомобилот бил измиен и ичистен со варакина, што значително ја забавило истрагата.

Поради оваа трага обвинителството побарало повторно сослушавање на сите од семејството Марјановиќ.

-Полицијата со вештачење на предмети од куќата на Марјановиќ, утврдила дека сите работи, ѕидовите и други предмети се измиени со варакина. Тоа тогаш беше сомнително, но без материјален доказ не можевме да реагираме- вели извор близок на истрагата.

-Доколку изолираните траги од крв се поклопат со ДНК на Јелена, тоа ќе биде значаен доказ за полицијата – вели криминолот Златко Николиќ.

-Очигледно дека имало пропусти на почетокот на истрагата и дека увидот не бил детален. Ако се открие кому припаѓаат трагите на крв, тоа ќе го намали кругот на луѓе, осомничени за убиството, а тоа е пресврт во истрагата- истакнуваат криминолозите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top