Еден од најпосакуваните македонски фудбалери, вардарецот Влатко Гроздановски, викендот се потпиша во книгата на венчаните. Сопруга му стана неговата долгогодишна девојка Христина Мицевска.
Двојката бракот го прослави во скопскиот хотел „Александар Палас“, а гостите ги забавуваше Наум Петрески.
Кум на свадбата е неговиот најдобар другар, Александар Васовски со кого заедно играа и за фудбалската репрезентација на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.