| четврток, 6 декември 2018 |

„Виолин фест“ во Музеј на Град Скопје

Во Музеј на Град Скопје се одржува четвртото издание на фестивалот „Виолин фест“.

На четвртото издание на фестивалот „Виолин фест“ ќе учествуваат ученици од музичките училишта од Скопје, Битола, Штип, Кочани, Охрид, Прилеп, како и студенти од Факултетот за музичка уметност.

Организатор е виолинистот и концерт-мајстор на Македонската филхармонија Владимир Костов, во соработка со Музичката младина на Македонија.

– Идејата да се одржи ваков фестивал кој треба да прерасне во традиционалене желбата да се презентираат на едно место младите виолинисти од цела Македонија, без разлика на нивната возраст, вели Костов кој ги обединува успесите на учениците, нивните достигнувања, капацитетот, квалитетот и талентот, претставувајќи го притоа и развојот на педагошката дејност во Македонија.

„Виолин фест“ се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, а ќе се одржи и на 14 јуни во Охрид, во Големата сала на Општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top