На 23 јуни, со почеток во 10 часот, во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи меѓународната поетска манифестација „Празник на липите“.
Во првиот дел од програмата на свечен начин ќе бидат врачени наградите „Книжевен жезол“ на македонскиот поет Цане Андреевски и поетот од Србија Јован Зивлак.
Наградите ќе ги врачи претседателот на ДПМ Веле Смилевски, а за творештвото на Андреевски и Зивлак ќе зборуваат акад. Георги Старделов и Санде Стојчевски. На средбата ќе биде промовиран избор од поетското творештво на добитниците, во издание на ДПМ.
Во вториот дел од програмата, на поетскиот митинг, ќе настапат 28 поети со стихови посветени на Скопје.
По овој повод Друштвото на писателите на Македонија го распиша традиционалниот конкурс за доделување на награда за најдобра песна прочитана на манифестацијата „Празник на липите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија