| четврток, 6 декември 2018 |

Полска со минимална победа против Северна Ирска (видео)

poland-northern-ireland-euro2016

Репрезентацијата на Полска стигна до првата победа на стартот од ЕП во Франција откако со 1-0 ја совлада Северна Ирска во првиот дуел од групата Ц.

Најпоразителен податок на мечот можеби е тоа што во првото полувреме репрезентативците на Северна Ирска немаа ниту едно додавање на противничката половина.

Првото поголемо возбудување пред голманот Мекговерн се случи во 32. минута, кога Аркадијуш Милик беше непрецизен од непосредна близина, а седум минути подоцна Капушка упати добар шут од ивицата на шестнаесетникот, но голманот на Северна Ирска одлично интервенираше.

Немаше голови во првото полувреме, но бедемот на Северна Ирска сепак беше пробиен после пет минути од стартот на вториот дел.

Куба Блашчиковски од десната страна го проигра Милик во средината, кој упати прецизен шут за водство на Полска од 1-0.

 

Концептот на Северна Ирска да игра само дефанзивен фудбал во тој момент се распадна и мораа играчите да пробаат да играат и напад, иако тоа не го правеа баш најдобро. Поради одлуката на УЕФА за проширување на ЕП гледавме репрезентација која е далеку од сериозно играње фудбал, Северна Ирска денес го демонстрираше тоа „за сите пари“.

До крајот полските фудбалери имаа уште неколку шанси за зголемување на водството, но не успеаја во тоа.

Сепак и 1-0 е доволно, Полска ја забележа првата победа во нивната историја на Европските првенства.

Денешната програма на ЕП ја завршува вториот дуел од групата Ц меѓу Германија и Украина, кој ќе започне во 21:00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top