Најмалку 20 луѓе се убиени, додека 42 лица се повредени во пукање во ноќен клуб во Орландо, Флорида, соопшти тамошната полиција, пренесува Би – Би – Си.

Полицијата влегла во клубот Пулс и го убила напаѓачот, кој ги држел луѓето во заложништво. Насилниот чин се смета за терористички напад, но не е објавено дали станува збор за домашен или меѓународен.
ФБИ истражува дали напаѓачот работел сам или бил дел од терористичка група, засега според полициски извори можно е да станува збор за човек кој се стремел кон радикална исламистичка идеологија.
Повеќе од 100 луѓе биле присутни во латино клубот, кој важи како познато место за забава на геј луѓето.
-Слушнавме истрели, луѓето легнаа на подот. Не можев да видам кој пука, ниту да видам што точно се случува, вели Рикардо Негрон Алмодовар за Би – Би – Си.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


