Единствениот „воин“ кој ги одигра сите натпревари сезонава на кои Голден Стејт победија е Дрејмонд Грин.
Кошаркарот на Голден Стејт го сруши рекордот по бројот на победи во една сезона.
Контроверзниот играч кој од стартот на плејофот често го има по медиумите во негативен контекст поради „судирите“ со противничките играчи (меѓу кои и Леброн Џејмс), ги одигра сите 88 натпревари сезонава на кои неговиот клуб забележа победа.
Со ова го сружи рекордот на, сега неговиот тренер, Стив Кер и Мајкл Џордан кои во 1996 година со Чикаго Булс ги одиграа сите 87 мечеви на кои победија таа сезона.
Многу веројатно е Грин да биде суспендиран за следниот натпревар против Кливленд во финалето, поради споменатиот „судир“ со Џејмс, па овој рекорд може и да остане на оваа бројка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)