Во последниот натпревар од денешната програма на ЕП во Франција, репрезентацијата на Англија ја имаше победата во регуларниот дел, но сепак не успеа да ја извојува откако селекцијата на Русија успеа во дополнителните минути да извлече реми.
Англија и Русија изиграа 1-1, благодарение на голот на Березуцки во 92. минута од мечот.
Англичаните го започнаа натпреварот значително подобро и уште во седмата минута Адам Лалана имаше голема шанса, кога од десетина метри шутираше силно кон голот, но само во голманот Акинфеев, кој ја одби топката над голот.
Притисокот од избраниците на Рој Хоџсон продолжи и во наредните минути, во 12. минута Смолинг по еден корнер ја зафати топката со глава, но рускиот голман повторно беше добро поставен.
На спротивната страна Русите во 17. минута се заканија, но и англискиот голман Џо Харт беше на висина на задачата. Иницијативата повторно ја превзимаат Англичаните, Лалана повторно се најде во ситуација за погодок и тоа од истото место како пред 15 минути, но повторно без успех.
Во 28. минута се затресе мрежата на Акинфеев после уште една одлична акција на Англичаните, но Кејн беше во недозволена позиција и голот не беше признат.
Во 34. минута и Руни се обиде од петнаесетина метри, но и овој пат топката заврши во рацете на рускиот голман.
Не се затресоа мрежите во првиот дел и на полувреме се замина со резултат од 0-0.
Во второто полувреме Русите влегоа со многу поопуштена игра, се ослободија од притисокот од првите 45 минути, па англиските фудбалери немаа ниту еден удар во рамките на голот на Акинфеев се до 71. минута.
Токму во таа минута Вејн Руни можеби ја имаше и најсериозната шанса на мечот, кога одлично шутираше од петнаесетина метри во десниот агол од голот, но извонредниот Акинфеев се испружи колгу што е долг и успеа да ја одбие топката.
Но, минута подоцна, Англичаните изнудија слободен удар на дванаесетина метри по средината. Ерик Даер шутираше прецизно под пречката од голот за водство на „Гордиот Албион“ од 1-0.
Изгледаше како да е сѐ готово, поседот на топката ја имаа Англичаните, а Русите никако не успеваа да стигнат до противничкиот шестнаесетник.
Селекторот на Русија Леонид Слуцки направи неколку замени, за да проба да стигне во финишот барем до реми. Во тоа и успеа, во дополнителниот период, откако од левата страна Шеников нафрли, а Березутски се најде на вистинското место во шестнаесетникот и со глава ја упати топката кон голот, а Харт несмасно изреагира и топката заврши во мрежата за конечни 1-1.
Утре на програмата се:
Турција – Хрватска 15:00ч.
Полска – Северна Ирска 18:00ч.
Германија – Украина 21:00ч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)