Возачот на камион чиј идентитет сеуште не е познат, настрада во несреќа која се случи денеска кај Жабљанскиот мост. Како што јавуваат српските медиуми, човекот починал зад воланот на шлеперот што го возел при што излетал од патот и се забил во куќа.
Несекојдневната несреќа се случи во попладневните часови, а наводно во несреќата е повредена една жена која е пренесена во болница. Шлеперот со регистарски таблички од Кикинда превезувал пченка која откако возилопто се забило во куќата се растурила по патот.
Полицијата сеуште официјално не се огласила за несреќата, а пожарникарите на местото на несреќата со помош на тешки машини го извлекуваа шлеперот и се обидуваа да допрат до несреќниот возач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун