Нашата одбојкарска репрезентација ја оствари втората победа на првиот турнир од Европската лига оваа сезона што се одржува во Варна, Бугарија. Македонските одбојкари ја совладаа Данска со 3-2 (по сетови 25:27, 25:21, 18:25, 25:20 и 20:18).
Избраниците на селекторот Жарко Ристовски стигнаа до вториот триумф по вчерашниот над Албанија, а сега им останува само уште утрешниот дуел против домаќинот Бугарија.
Албанија и Бугарија го комплетираат денешното 2.коло.
Табела:
Македонија 5 бодови
Бугарија 2
Данска 2
Албанија 0
Следниот турнир четирите репрезентации од А-групата ќе го играат во Скопје идниот викенд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Спартанецот“ Ѓорѓиев: Мора да бидеме искрени, не напредувавме доволно за да бидеме „златни“
-
Шеста победа на нашите одбојкари – Македонија ја совлада Албанија во Тирана
-
Совладана и Бугарија, нашите одбојкари без пораз патуваат на фајнал-фор турнирот
-
Нова победа на нашите одбојкари, одиме во фајнал-фор