| четврток, 6 декември 2018 |

Ништо од античката цивилизација: Каков изгубен град се крие кај Закинтос?

Неодамна е направена студија која открива дека подводните структури за кои се сметаше дека се остатоци од дрена цивилизација, всушност се природни геолошки формации.

Студијата е испечатена во магазинот „Marine and Petroleum Geology“, а открива дека изгубениот град кај Закинтос, за кој се сметаше дека претставува остатоци од древна цивилизација, всушност е последица на природна појава, која настанала пред повеќе од милион години, пипува Тајм.Како што вели главниот истражувач, Џулијан Ендруз, и порано имало траги кои упатувале на остатоци од поплочен под, колонади, дворови, но за жал тие не претставуваат град.

-Имаше знаци кои на прв поглед делуваа како основа на кружни столбови и асфалтирани подови, но немаше други знаци на живот, грнчарија, парички, што било што се наоѓа на вакви места, вели Ендруз за Смитсонијан.

ТОј и неговиот тим ги анализизрале формациите и сфатиле дека сепак се работи за микроби во седиментот кои заедно со гасовите и морските струи направиле структури во форма на дискови.

-Ја истражувавме населбата која е на 2-5 метри под водата и откривме дека се работи за орироден геолошки феомен, а не за античка цивилизација. Сепак, и ова вреди да се забележи и да се види, зашто вакви феномени се многу ретки во плитки води. Слични откритија обично се наоѓаат на повеќе стотини метри под водата, вели геологот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top