Небото над Австралија во средата вечерта беше величенствен подиум на мали летечки објекти. Се работи за маркетиншки потег на компанијата Интел, која на небото над Сиднеј испратила 100 осветлени дронови во рамките на дестивалот Вивид, кои танциваат на музиката на Бетовен („Петтата симфонија“). Танцот кој започна во средата ќе трае пет дена.
Ова не е првпат на небото на некој светски град да се одржи танц на мали летечки објекти. Лани сличен настан се одржа на небото над Хамбург, а беше и соборен Гинисов рекорд. Овој танц е посебен, затоа што е над вода.
Перформансот кој трае околу 7 минути е составен од летови во повеќе формации, од кои последната е во форма на лотото на компанијата Интел, а целиот фасцинантен настан го контролира само еден човек од земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)