| четврток, 6 декември 2018 |

Кари блесна кога е најпотребно, Вориорс имаат меч-топка на домашен терен (видео)

cle-gsw-4-curry

Шампионот е на чекор од одбрана на прстенот, а во Охајо се случи токму оноа од кое Кавс и најмногу се плашеа, најдобриот играч сезонава го одигра најдобриот меч во финалната серија.

Стеф Кари „го пронајде“ шутот, ја намести раката и постигна 38 поени, а Голден Стејт го совлада Кливленд со 107-98. Вориорс сега водат со 3-1 и ќе имаат меч-топка на домашен терен следниот натпревар.

Кари во првите три меча постигна вкупно „само“ 48 поени, но со синоќешното издание ги замолче критичарите и го доведе својот тим на прагот од освојување на титулата. Неговиот „брат“ Клеј Томпсон постигна 25 поени. А кога најдобриот бековски тандем ќе изигра на вакво ниво, Голден Стејт едноставно е непобедлив.

На другата страна Леброн постигна 25 поени, имаше и 13 скокови и 9 асистенции, но во некои моменти беше пасивен, имаше дури и седум изгубени топки. Ова беше првиот пораз на Кливленд на домашен терен во плејофот. Пресудна беше последната четвртина, кога домашниот тим цели 6 ипол минути немаше постигнато поени и тогаш Вориорс ја направи одлучувачката разлика.

И овој меч не помина без котроверзности. Дрејмонд Грин „се судри“ со Леброн, направи нешто слично како и против Адамс од Оклахома, само овој пат го удри противникот во грло. Дојде и до расправија и буткање, по што можно е „проблематичниот“ кошаркар на Вориорс да биде суспендиран и да го пропушти петтиот натпревар.

Следниот меч се игра во понеделник вечер. Кливленд е пред тешка задача да го врати брејкот и да ја продолжи серијата, а од друга страна, Вориорс домашен терен се фаворит за одбрана на титулата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top