| четврток, 6 декември 2018 |

Им одржа лекција на возрасните, го расплака жирито: Дарија има нешто важно да ви каже (ВИДЕО)

Седумгодишната Дарија Врачевиќ во полуфиналето на „Ѕвездичките на Пинк“ ја отпеа песната на Балашевиќ „Само да рата не буде“. Целиот настап бил преемотивен, Гоца, Јелена и Леонтина заплакаа слушајќи ја песната.

-Убаво е тоа што не потсети на една песна која го одбележа тоа време. Нè врати во време кое никогаш нема да се врати, рече Хари.

-Им оддржа лекција на возрасните кои грешат. Ти покажа дека во вашите детски срце лежи вистината. Ова беше еден од најпоучните настапи, пееше како никогаш до сега… ти симнувам капа, вели Милан. А со него се сложи и Гоца.

darija-goca-jelena-1465589079-926357-60449

-Прво, никогаш подобро не си пеела. Ти си сериозна пејачка. Тоа што е најважно во овој настап е тоа дека нема генерација која не ја преживеала војната. Јас се надевам дека ти и нашите деца нема да поминуваат низ такво нешто, истакна Гоца. А тоа тоа се сложи и Леонтина.

-Најдобро пееше до сега. Ја покажа длабочината и малку зборови има за тоа да го пофалат. Мене ова толку ме обзеде, вели пејачката.

Преемотивно, пресериозно. Ги слушаш зборовите на вистината, кога се тоа ќе се спакува со твојот ангелски изглед, не може човек да остане рамнодушен. Ти си ангел-гласник, истакна Јелена Томашевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top